Косовската Влада го усвои предлогот на Министертвото за надворешни работи за доделување на првиот контигент помош за Украина, во висина од 100 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што информира шефицата на косовската диломатија, Доника Грвала, средствата ќе бидат доделени на хуманитарната оргнизација „Мајка Тереза“, која ќе се нафати со организирање на помошта, односно со купување на производи по потекло од Косово, кои подоцна ќе бидат префрлени во Украина со патен транспорт.

– Република Косово преку оваа симболична помош ја изразува својата солидарност и поддршка на народот на Украина, изјави Грвала.

Владата на Албин Курти на денешната седница донесе одлука и за засолнување на 20 украински новинари и нивните семејства, како и за воведување нов, четврти по ред, пакет економско-финансиски санкции против Русија и Белорусија поради агресијата врз Украина.