Косовскиот премиер Албин Курти отпатува денеска во официјална посета на Норвешка, каде што ќе се сретне со неговиот хомолог, Јонас Гар Сторе и со други високи претставници на норвешката Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што информира владината служба за информирање, заедно со Курти за Осло отпатуваа и косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај и заменичките-министри за образование и за надворешни работи, Едона Маљоку Бердина и Лиза Гаши.
Поради отсуството на Курти и на шефицата на дипломатијата, Доника Грвала, денеска во Собранието на Косово се одложи седницата на која требаше да се расправа за надворешната политика, а која беше свикана на барање на опозициската Демократска партија на Косово.