Руската инвазија на Украина има клучно значење за безбедноста на Југоисточна Европа, истакна романскиот премиер Николае Чукана на заедничката прес-конференција со македонскиот, бугарскиот и црногорскиот премиер во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Чука, Русија е најсериозната закана за регионот. Според него, клучна е борбата против ширењето на лажни вести како елемент на стабилноста во регионот. Важно за Романија е претстојното пуштање на гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија преку кој азербејџанскиот гас може да стигне до неговата земја.

Според Чука, треба да се обрне внимание на ситуацијата во Молдавија, која има прекумерен број бегалци од Украина. Тој повика на поддршка за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.