Со посредство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска во Брисел се одржа средба меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

По средбата, која траеше повеќе од четири часа, Алиев и Пашинјан им наложија на своите министри за надворешни работи да започнат со подготовките за мировни преговори.

– Кремљ ја поздравува одлуката на ерменските и азербејџанските власти да започнат мировни преговори, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.