Соединетите држави се подготвени да ја разгледаат можноста за снабдување на Украина со оружје со среден дострел, изјави заменик-министерот за одбрана Кетлин Хикс, а пренесува „Гласот на Америка“ на руски јазик.
Хикс тоа го изјави на состанокот со група воени набљудувачи.
„Да, ние продолжуваме да ги разгледуваме видовите на оружје што ги бараат Украинците, во смисла да им дадеме оружје со малку поголем дострел“, рече Хикс на прашањето дали Вашингтон би бил подготвен да размисли за пренос на оружје во Киев, што потенцијално би можело ги погоди воените аеродроми во Русија.