Најмалку пет лица загинаа, седуммина се повредени во денешните руски бомбашки напади врз центарот на Харков, во североисточниот дел на Украина, соопштија градоначалникот и регионалниот гувернер.

„Руските окупатори ја бомбардираа централната област на Харков“, наведе гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов подоцна соопшти за петмина загинати и седуммина повредени.

Официјални лица апелираа жителите да останат во засолништа.