Влијателниот шиитски лидер Моктада ал-Садр им порача на своите приврзаници да ја напуштат Зелената зона во главниот град, по протестите во Багдад во последните два дена.
Во телевизискиот говор денеска, Ал Садр им даде на своите поддржувачи еден час да ја напуштат зградата на парламентот.
Тој, исто така, му се извини на ирачкиот народ за насилството во кое загинаа 30 луѓе, а стотици беа ранети.
Муктада ал-Садр, кој во понеделникот објави дека се повлекува од политиката, упати забелешки за неговата моќна база на поддржувачи, критикувајќи ги нивните постапки.
Повлекувањето на Ал Садр од политиката ги поттикна неговите приврзаници да ја нападнат владината палата во Зелената зона во Багдад во понеделникот, каде што најмалку 30 лица загинаа во судирите со ривалските проирански шиитски групи.
„Им благодарам на безбедносните сили кои зазедоа неутрален став кон сите страни“, рече тој, додавајќи дека проиранската Народна партија за мобилизација (ПМФ), која се интегрираше со ирачките безбедносни сили, нема никаква врска со она што се случува.
„Сега ја критикувам револуцијата на Садристичкото движење како што ја критикував Октомвриската револуција“, рече тој, мислејќи на антивладините протести во 2019 година.
Поддржувачите на Муктада ал Садр почнаа да го напуштаат подрачјето на Зелената зона откако нивниот лидер им порача да ги прекинат протестите.
Укинат е и полицискиот час низ целата земја, кој стапи на сила во понеделникот во 19 часот по локално време.