На помалку од 32 километри од утврдената граница со Северна Кореја, јужнокорејските и американските сили денеска одржаа голема артилериска вежба со боева муниција, тенкови и друго оружје.
Јужна Кореја и САД ги продолжија своите најголеми теренски вежби во изминатите години откако дипломатските напори и ограничувањата поради Ковид-19 резултираа со помалку воени вежби.
Северна Кореја вежбите ги оквалификува како проба за војна.
Според неколку медиуми кои денеска добиле пристап до вежбите, станува збор за први вежби на ниво на ниво на дивизија за втора пешачка дивизија, составена од севернокорејска и американска војска. Тоа е единствената мултинационална дивизија на американската војска, формирана во 2015 година.
Вежбите вклучија боева стрелба од американски и јужнокорејски хаубици, тенкови, митралези и минофрлачи. Учествуваа и јуришни авиони А-10 и хеликоптери Апачи.