Претседателскиот кандидат Луис Инасио Лула да Силва има 13 процентни поени предност пред неговиот соперник, актуелниот бразилски претседателот Жаир Болсонаро, на еден месец пред претседателските избори закажани за 2 октомври, но радикалниот десничар ја намали предноста на својот левичарски ривал, покажа најновата анкета на агенцијата „Датафолха“, што вчера беше објавено.
Анкетата покажа дека Лула во првиот круг од изборите на 2 октомври ќе освои 45 отсто од гласовите на избирачите, а Болсонаро 32 отсто, во однос на 47 наспроти 32 отсто во претходната анкета.
Во очекуваниот втор круг, Лула би го победил Болсонаро со 53 наспроти 38 отсто од гласовите. Тоа е разлика од 15 процентни поени, во споредба со 17 пред две недели, покажа новата анкета.
„Датафолха“ спроведе тет-а-тет интервјуа со 5.734 лица од 30 август до 1 септември. Маргината на грешка е два процентни поени.