Чилеанците вчера на референдум гласаа против новиот устав, кој беше составен за да го замени стариот устав, напишан за време на владеењето на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче во 1980 година.

Врз основа на 96 отсто преброени гласови, 61,9 отсто од луѓето гласале против уставот, додека 38,1 отсто гласале за промена. Гласањето на референдумот беше задолжително.

Сенаторката Ксимена Ринкон, една од главните противници на новиот устав, рече дека победата е очигледна и побара да се напише нов устав.

Политичарите кои беа за промена на Уставот го признаа поразот, а чилеанскиот претседател Габриел Бориќ за вечерва свика состанок на партиските лидери, кој ќе се одржи во претседателската палата Ла Монеда.

Предложениот устав вклучуваше многу повеќе социјални права и гаранции, а со документот се воспоставуваше родова еднаквост во владата и другите државни органи. Уставот требаше да даде приоритет на заштитата на животната средина и да ги признае домородните народи на Чиле, за првпат во историјата на земјата