На американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан му истече мандатот и тој ја напушти Москва, соопшти американската амбасада.
Саливан, кој беше назначен за амбасадор во Москва за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп пред три години, заминува во пензија, се посочува во соопштението од Амбасадата.
„По неговото заминување тој ќе се повлече од дипломатијата каде работеше четири децении за време на пет американски претседатели, а работеше и како заменик државен секретар и на високи позиции во министерствата за правда, одбрана, трговија,” стои во соопштението..
До изборот на нов амбасадор, функцијата ќе ја извршува вршителот на должноста Елизабет Руд.
Стејт департментот соопшти дека заминувањето на Саливан било „планирано и дел од нормална дипломатска ротација”.