Руските сили во текот на ноќта го гранатирале јужниот украински град Миколаев, при што била погодена медицинска установа, соопшти градоначалникот, Олександар Сенкевич.
Сенкевич не прецизираше дали има повредени во ноќните напад во кои, како што рече, биле оштетени и неколку куќи.
Пристанишниот град и околината со недели се гранатирани, а во нападите во саботата едно дете загина, а пет лица се ранети, соопшти гувернерот Виталиј Ким.
Миколаев што се наоѓа на реката Буг, околу 20 милји од вливот во Црното Море, е важно пристаниште во Украина. Во градот има неколку големи терминали за жито, од кои некои веќе беа мета на руската артилерија. Ако руските сили го заземат Миколаев, тоа значи отворен пат кон Одеса која се смета за една од стратешките цели на Русија.