Израелските сили убија 19-годишен Палестинец во денешните судири за време на апсења во окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските власти.
Палестинското Министерство за здравство наведе дека во близина на градот Џенин Тахер Закернех бил погоден со куршум во глава, во стапалото и во ногата.
Во денешната израелската рација уапсени се тројца Палестинци, додека синоќа во Западен Брег приведени се 17 Палестинци.
Израелската армија речиси секојдневно изминатите месеци приведува осомничени екстремисти во Западен Брег.
Вооружени Палестинци вчера отворија оган врз автобус што превезувал припадници на израелската армија, при што се повредени петмина војници и еден цивил.
Израел го освои Западниот Брег во Шестдневната војна во 1967 година и таму изгради десетици еврејски населби. Поголемиот дел од меѓународната заедница ги смета населбите за нелегални и пречка за мир со Палестинците.