Пет лица загинаа при судар на воз со автомобил на железнички премин во јужниот дел на Унгарија.
Локалната полиција соопшти дека инцидентот се случил на премин недалеку од селото Кунфехерто.
Возачот на автомобилот и сите четворица сопатници загинале на лице место.
Патниците во возот не се повредени, но машиновозачот со полесни повреди е пренесен во болница, се вели во соопштението од полицијата.
На руралниот премин немало ниту рампа ниту електричен сигнал, соопшти унгарската железничка компанија, додавајќи дека тој дел од пругата е затворен за сообраќај на возила.