Еден од двајцата осомничени за убиствата на 10 лица во канадската провинција Саскачеван е пронајден мртов, соопшти локалната полиција.

Телото на Демиен Сандерсон (31) е пронајдено во староседелската заедница Џејмс Смит Кри.

Неговиот брат и втор осомничен Мајлс Сандерсон е во бегство.

Најмалку десет луѓе беа убиени, а 18 ранети во напади со нож во неделата.

Мотивот за нападите не е познат.