Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на рускиот Далечен Исток, каде ќе присуствува на воените вежби во кои учествуваат неколку сојузнички земји, вклучително и Кина.

Како што изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател пристигнал на воениот полигон Сергеевски каде имал средба зад затворени врати со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.

Тој додаде дека Путин по средбата ќе ја следи завршницата на воената вежба.

Воените маневри „Восток 2022″ (Исток 2022) се одржуваат на пове е локации на рускиот исток и во Јапонското Море, со учество на повеќе од 50 илјади војници, 140 авиони, 60 воени брода и речиси пет илјади парчиња воена техника и борбени возила.