Американскиот претседател Џо Бајден и честиташе на Лиз Трас за преземањето на функцијата британски премиер и рече дека Вашингтон и Лондон ќе продолжат да соработуваат за глобалните прашања, вклучително и руската инвазија на Украина.

Со нетрпение очекувам да ги продлабочиме специјалните односи меѓу нашите земји и тесно да соработуваме на глобалните предизвици, вклучително и континуирана поддршка за Украина додека се брани од руската агресија“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден телефонски ќе и честита на Трас. Кралицата Елизабета Втора денеска ја именуваше Лиз Трас за нова британска премиерка.

Трас е четвртиот конзервативен премиер во последните шест години, а до неодамна беше министерка за надворешни работи.