Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик.

Во текот на 2021 и 2022 година, соопштија денеска од МВР, пријавениот обезбедил банкарски податоци од вистинска платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил сопственикот на платежната картичка.