ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Р.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Тој, на 27.07.2022 на бензинска пумпа во кичевската населба „Горица“, пуштил во оптек лажна банкнота од 100 евра, која подоцна била забележана од вработените.