На 28.11.2022 во 09.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родителите и службено лице од Центарот за социјални работи Тетово, лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и од тетовско Копанце, затоа што половина час пред тоа на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово одзеле патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки.

Возилото било вратено на сопственикот А.А.(35) од Тетово и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.