ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А.Б.(46), Г.Ф.(60) и Б.Ф.(26), сите од Кичево, како и против еден правен субјект со седиште во Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавените, во својство на управители на правниот субјект, со намера да одбегнат делумно плаќање данок, дале лажни податоци за приходите на правното лице за даночниот период од 01.10.2019 до 31.12.2019, од 01.01.2020 до 31.12.2020 и од 01.01.2021 до 31.12.2021 година.

На тој начин, предизвикале материјална штета на државниот буџет во вкупен износ од 600.901 денари.