Германскиот тур-оператор ТУИ денеска објави дека продале повеќе луксузни пакети за зимски одмор во сезоната 2022/2023 благодарение на големата побарувачка за луксузни дестинации, отколку во претпандемиската 2018/2019 година.

– Побарувачката е исклучително висока во мигов. Нашите гости резервираат подобри и подолги одмори. Резервираните патувања во просек се подолги за два и пол дена, изјави Штефен Бенке, директор на „Ертурс“ – одделот за луксузни патувања на ТУИ.

Тој нагласи дека речиси секој четврти патник избира да престојува во вили или апартмани со приватни базени.