Бидејќи денеска неколку членови на Централното собрание на АлтернАтивА, како и некои други активисти, организираат прес-конференција, на која ќе побараат разрешување на потпретседателите и генералниот секретар, ја информираме јавноста дека ваквите барања прво ја имаат адресата до партијата. Всушност, вчера двајца од оние кои ја закажале конференцијата беа во седиштето на АлтернАтивА и вербално го изразија ова барање, но претседателот им рекол дека е должен да го почитува Статутот на партијата, додека според член 42 од Статутот на АлтернАтивА, седница на Централното собрание може да се свика доколку таа ја побараат 1/3 од членовите на Централното собрание (за информација, Централното собрание на АлтернАтивА брои 113 членови).

Како и да е, иако до партијата не е доставено ниедно барање за седница или друго барање, претседателот Африм Гаши закажа седница на Централното претседателство на 26 јули 2023 година, на која ќе се дискутира на оваа тема и ќе се одлучи дали треба да се свика и Централното собрание. (За информација: генералниот секретар и потпретседателите ги избира и разрешува Централното претседателство.)

Сепак, АлтернАтивА останува отворена да дискутира за која било тема во нејзините централни органи – Собранието и Централното претседателство.

Прифатена е и темата на отчет. Тоа е направено редовно од раководните лица на партијата, но дојде време тоа да го направиме и за претседателите на ограноците и, посебно, за поранешните функционери, некои од кои - како на пример поранешниот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – не ќе може баш да се гордеат. Тоа ќе биде направено на некоја наредна седница на Централното собрание, на која секој ќе се соочи со своето сработено, со својот успех, но и со својот неуспех. АлтернАтивА не покрива ничии „гревови“, а потоа јавноста нека суди. Секако, одлуките во Централното собрание се носат со мнозинство гласови и АлтернАтивА ќе ја почитува секоја таква одлука.

Како и да е, во политичка смисла, денешната конференција е директно поврзана со можноста за соработка на претседателот на АлтернАтивА, Африм Гаши, на претседателот на Беса, Билал Касами и на водачот на новото движење кое произлезе од ДУИ, Изет Меџити. Фактот дека опозицијата се обединува и тоа ја загрозува ДУИ на следните избори, ја принудува партијата СОРАВИЈА да преземе мерки, користејќи ги сите алатки за да ја саботира оваа опозициска консолидација. Ова е стара игра на оваа партија со енверистичка матрица.

Како и да е, вистината не може да се затаи. На следните избори партијата СОРАВИЈА, со сите нејзини НОН ГРАТА експоненти, ќе оди во историјата на срамот, а милионите што ги украдоа ќе треба да ги повраќаат, затоа што овој сиромав народ што се иселува во егзодусни размери, не заслужува ваква корумпирана, лакомо и алчно владеење.