- Полициски службеници од СВР Куманово, во саботата, го лишиле од слобода М.И.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршил кражба од приватен имот во Куманово, при што одзел повеќе предмети.
Тој, како што известија денеска од МВР, го признал извршеното кривично дело и бил задржан во полициска станица.
Украденото било вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.