Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, синоќа го лишиле од слобода С.С.(43) од Република Албанија.

Како што информираат денеска од МВР, тој се сомничи дека на 7 август годинава извршил тешка кражба во куќа во гостиварско, Форино.

Од МВР укажуваат дека лицето било задржано во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.