- Казнети се 326 возачи вчера во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
- Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место, соопштија денеска од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.