- Во Гостивар синоќа околу 20.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И., осомничен дека претходно извршил кражба, при што одзел електричен тротинет, сопственост на 27-годишниот Џ.А., исто така, од Гостивар.
- Тротинетот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ј.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираа денеска од МВР.