- МВР соопшти дека денеска во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола кои се сомничат за „тешка кражба“ во Земјоделскиот комбинат - Битола.

Според МВР, одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот.

Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против Е.А.и Ѓ.В. ќе биде поднесена кривична пријава.