Во рамки на европската образовна програма „Еразмус плус“, од лани во декември до крајот на ноември годинава се реализира проектот „Активна фамилија“ чија цел е да се интегрираат физичката активност и активните животни навики како дел од секојдневната семејна рутина за да се подобри благосостојбата на семејството.
Во рамки на проектот, на 24 септември 2023 во арената „Тодор Проески“ се одржа двочасовна рекреација и дружење на повеќе од десет семејства со повеќе од 50 учесници.
-Проектот е наменет за семејства и семејства со телесно попречени членови кои се поттикнуваат да прифатат спортски активности и да ги вклучат во секојдневниот живот. Со заедничко вежбање, сите членови на семејството може да го подобрат своето здравје и благосостојба. „Активна фамилија“ е проект дизајниран да ја шири спортската култура за сите, кој придонесува за инклузија преку обезбедување можности за лицата со попреченост да се вклучат во физичка активност заедно со нивните фамилии, соопшти организаторот.
Од резултатите кои произлегуваат од овој проект се издаден Водич за адаптирање и модифицирање на спортот за фамилии и членови на фамилии со попреченост и видеоколекција на вежби за фамилии што вклучуваат и лица со попреченост.
Партнерски организации на проектот се Сојузот на истражувачи на Македонија, Атлетската федерација на Македонија и Смарт Идеа и Универзитетски спортски сојуз од Марибор, Словенија.