,,Неготинско младо вино" е именуван настанот што ќе се одржи во недела на неготинскиот градски плоштад.

- Поканата за присуство е за сите заинтересирани граѓани од општина Неготино, Тиквешијата и цела Македонија. Во пресрет на одбележувањето на 8 Ноември, денот на општината Неготино, на градскиот плоштад од 15 до 20 часот го организираме овој настан и покануваме за масовно да се присуствува во Неготино, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Тој најави богата забавно-музичка програма, можност за дегустација на неготинска пита, маџун, мед и други производи