Штип добива парк на миленици. Поставени се реквизитите, содржините за миленици, канделабрите.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека потегот покрај река Брегалница кај пешачката и велосипедската патека доби нов лик, а паркот може да го користат сите граѓани во општината и регионот.
-Деновиве се поставени потребните реквизити и содржини, осветлувањето, канделабрите, реквизитите за милениците. Како што напоменав за првпат се создава ваква содржина во нашиот град. Се надевам дека и останатата површина долж пешачката патека покрај река Брегалница ќе се оплемени со нови содржини, вели Јорданов.
Средствата за реализација на овој проект се издвоени од општинскиот Буџет, општествено-одговорни компании како и ЛАК „Плачковица“.
Јорданов посочи дека во периодот кој следи ќе се реализираат и низа други активности наменети за младите.
-Вкупната инвестиција е помалку од еден милион денари, еден дел се обезбедениод ЛАК Плачковица, одопштествено одговорни компании, повеќе од 500.000 денари се од општинскиот Буџет. Ова е само еден од низата проекти предвидени за нашите сограѓани, рече Јорданов.
Иницијативата за изведба на овој парк е од страна на граѓани од Општина Штип, а од ЛАК „Плачковица“ посочуваат дека иницијативата е поддржана и финасисрана од УСАИД програмата. Во наредните денови се очекува да завршат активностите на терен и паркот за миленици целосно да може да се користи