Општина Охрид го објави годишниот конкурс за доделување на највисоките општински признанија - Повелбата и Наградата „Патрон на градот Св.Климент Охридски” за 2023 година.
Наградата „Патрон на градот“ се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за општината и кои имаат придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во земјава и светот.
Право на учество за највисоката награда имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Кон пријавата потребно е да се достави најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.
- Наградата „Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и таа не може да се дели меѓу повеќе добитници, информираат од Општина Охрид.
Повелбите пак се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација, во период од една година.
Право на учество имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира. Повелбата може да се додели максимум на петмина добитници.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето, а пријавите доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Повеќе информации за објавениот Конкурс можат да се добијат на општинската веб-страница www.ohrid.gov.mk