Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) и резултатите од конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија.
Добитниците на стипендија треба да го потпишат соодветниот договор за стипендија со Министерството за образование и наука, најдоцна до 1 декември 2023. Договорите за стипендиите, за Математичко-информатичката гимназија и за Спортската академија, се достапни во електронска форма во објавените резултати.
Кандидатите кои нема да го почитуваат рокот ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата, наведува МОН во објавата на својата веб-страница