- По долг и макотрпен процес за отстранување на сите пречки и обезбедување на потребната документација започнаа градежните зафати на улица „Кумановска" во Велес, каде стартува изградбата на голем потпорен ѕид на пругата Велес-Битола, информира градоначалникот Марко Колев.

-Проблемот кој постоел многу години наназад и никој не се зафатил за преземање конкретни чекори конечно ќе се реши - во тек е изградба на потпорен ѕид на страна кај железничката пруга, а веднаш потоа ќе се реконструира останатиот дел од улицата „Кумановска“, информира Колев.

Оваа улица во новиот дел на Велес е една од поглавните а води кон две институции Завод за школство и Историски архив како и до ЕВН Велес ,а воедно и до двете средни училишта Хемиското и Гимназијата.

-Вашите реакции, потреби и критики стигнуваат до мене, но, за жал не секогаш зависи се’ од мене и општинската администрација. Овој процес зависеше од повеќе институции, проектанти и други засегнати страни, поради што се одложија градежните активности. Но, како и досега, нашите заложби продолжуваат за добробит на сите граѓани на Општина Велес,потенцира на својот фб профил градоначалникот Марко Колев.