- Општина Битола почна со асфалтирање на новиот кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“, место кај поранешната ветеринарната станица.

Асфалтирањето почна по завршување на инфраструктурните активности во кои е вклучена нова канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

Во наредниот период просторот ќе биде комплетно уреден, ќе се промени режимот на сообраќај во овој дел на градот, од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, соопштија од Општина Битола.

Според проектот, на средината од кружниот тек ќе биде поставен споменик на војводата Александар Турунџев.