– Со засадување цвеќе во кругот на зградата на СВР во Охрид и со испуштање црни балони на плоштадот „Св.Климент Охридски“ претставници на Републичкиот сектор за безбедност во сообраќајот и на Отсекот за превенција при СВР Охрид денеска на симболичен начин го одбележаа 17 Ноември - Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.

Според претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска, во текот на 2022 година на патиштата во земјава, животот го загубиле 124 лица.

Како што истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на подрачјето на СВР Охрид, во текот на првите девет месеци од оваа година, во случени седум сообраќајни незгоди животот го загубиле седум лица, возачи на моторни возила и нивни сопатници од кои, две на автопатот во изградба Кичево-Гостивар.

Кожуваровска и Димоски упатија апел до возачите и до сите други учесници во сообраќајот, на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и верикална сигнализација со цел, значително подигнување на сообраќајната безбедност и смалување на бројот на сообраќајните незгоди.