По последните врнежи од снег и дожд Вардар во Велес на мерното место кај Стар мост денеска е со ниво од 90 сантимети, што пак е 38 сантиметри повеќе споредено со вчера кога беа измерени 52 сантиметри, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи ЦУК Велес.

Воедно со денешните 90 сантиметри нивото на Вардар е за 17 сантиметри и над просекот за ноември од минатите години кој бил 73 сантиметри.

-По денешните обилни попладневни врмежи за утре се очекува дополнително зголемување на нивото, но засега е далеку под критичното ниво и нема опасност за излевање на Вардар во Велес, потенцираат од ЦУК Велес