Албанскиот приморски град Валона, кој е избран за „Европски град на спортот за 2024 година“ меѓу 13 други европски земји, наголемо се подготвува за тоа.

Премиерот на Албанија Еди Рама на социјалните мрежи сподели видеозапис од спортските објекти и активности кои се одвиваат во Лунгомаре.

Во овој дел од Валона ќе се одвиваат различни спортски активности во текот на целата година.

- Валона ја поднесе својата кандидатура во декември 2023 година до ACES Europe, додека во Брисел, во Европскиот парламент, за време на годишната церемонија на објавување на номинациите за 2024 година (ACES Annual GALA Awards 2024), Валона беше прогласена за европски град на спортот за 2024 година, јави државната агенција АТА.

Оваа титула за Валона се очекува да има големо влијание во промоција на градот, бидејќи ќе има многу спортски активности со учество на голем број спортисти од сите делови на Европа.

Пренесувајќи ја објавата на Рама, агенцијата наведува дека добивањето на оваа титула има за цел Валона да се ангажира за да биде најважниот, динамичен и инклузивен град, кој целосно го поддржува здравјето, охрабрувајќи го учеството во спортски активности.

-Европски град на спортот за 2024 година е и добра можност за победничките градови да презентираат достоинствени проекти и да добијат средства од меѓународни организации за развој на спортот, констатира агенцијата.