Бекам: Невил ја заслужи тренерската работа во Интер
Сопственикот на американскиот фудбалски прволигаш Интер, Дејвид Бекам, истакна дека новоназначениот тренер Фил Невил е ангажиран врз основа на своите заслуги, а не поради нивното меѓусебно пријателство што датира од заедничкото време минато во редовите на премиерлигашот Манчестер јунајтед и англиската репрезентација.