Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше синоќешната победа (2:1) на мечот за Суперкупот на Франција против Марсеј. Трофејот освоен во Ленс беше прв за Аргентинецот како предводник на на парискиот клуб
Италијанскиот прволигаш Рома и ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитарјан ќе ја продолжат соработката за уште сезона, до јуни 2022 година, јавија денеска локалните медиуми.
Интер најдоцна до крајот на оваа сезона ќе има нов сопственик, откако соочена со големи загуби поради пандемијата на Ковид-19, кинеската групација Сунинг Холдинг (Suning Holdings Group) веќе почна преговори за продажба на италијанскиот прволигаш.
Враќањето на Чави Ернандез во Барселона ќе се случи пред април. Четириесетгодишниот фудбалски стручњак во моментов е главен тренер на катарскиот клуб Ал-Сад
Раководството на Челзи во тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман гледа можна замена за Френк Лампард, пренесува „Билд“
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, по победата над Севиља во одложениот натпревар од 1. коло на Шпанското првенство (2:0), изјави дека е полн со мотивација да работи со тимот
Барселона ќе го задржи во тимот дефанзивецот Жуниор Фирпо, објави „Марка“
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по победата над Торино во Купот на Италија, истакна дека тимот секогаш верува во себе
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) Нејмар, по едномесечна пауза поради повреда, е подготвен да се врати на теренот и ќе биде во комбинација за настап на утрешниот натпревар против Олимпик Марсеј во рамки на францускиот Суперкуп.
Шпанските фудбалски прволигаши, Алавес и Хуеска денеска ги сменија своите тренери во обид да ги зголемат шансите да изборат сезонава опстанок во Ла Лига.