ФФМ ќе продолжи да ги покрива трошоците за патувања во младинските категории, футсал и женските лиги
За македонскиот фудбал и активностите кои се преземаат за унапредување на условите и квалитетот на фудбалската игра кои се одвиваат во националните натпреварување, Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги исплати трошоците за патувања на екипите од сите младински лиги во рамки на ФФМ, Првата и Втората футсал лига и лигата во женска конкуренција