Прв голем трансфер на Лампард: Челзи го договори Зијех за 45 милиони евра
Челзи тргна во акција по освежувања на ростерот, откако истече забраната за трансфери, а првиот договор падна во Холандија. Весникот „Телеграф“ тврди дека лондонските „сини“ постигнале усен договор со напаѓачот на Ајакс, Хаким Зијех.