Шевченко претендент за тренерското место во Милан
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли може да биде отпуштен од работа доколку не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите на крајот од тековната сезона. Можен кандидат да го замени е Андриј Шевченко, кој е селектор на Украина, пренесува „Калчомеркато“.