Еден од најплатените во Англија: Речиси 9 милиони евра по сезона за Солскјер
Манчестер јунајтед денеска потпиша договор со Оле Гунар Солскјер по што тој веќе не е привремен туку официјално, менаџер на клубот од „Олд Трафорд“. Според „The Sun“, платата на 46-годишниот норвешки фудбалски стручњак ќе изнесува 8,7 милиони евра по сезона.