Ван дер Сар: Сите во Ајакс веруваме дека можеме да го елиминираме Јувентус
Извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар го прокоментира четвртфиналниот судир во Лигата на Шампионите, кој ги спротивставува неговиот клуб против Јувентус. Холандскиот тим е сметан за аутсајдер во овој судир, но поранешниот голман, кој бранел и за двата тима, смета дека амстердамци имаат реална шанса да ги отстранат италијанскиот шампион.