Шпанскиот фудбалски прволигаш Селта Виго го раскина денеска договорот со тренерот Рафаел Бенитез, осум месеци откако беше назначен на должноста.
Леон Горецка нема да биде повикан во репрезентацијата на Германија во март. Според „Билд“, селекторот Јулијан Нагелсман нема да го вклучи играчот од средниот ред на Баерн во составот за натпреварите со Франција и Холандија.
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години од 20 до 26 март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во рамките на Елитната рунда за пласман на Европското првенство кое следната година.
Палестинскиот фудбалер Мохамед Баракат е убиен во вчерашното израелско бомбардирање на неговата куќа во Хан Јунис за време на тековната војна во Газа, објавија арапските медиуми.
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е разочаран од одлуката на главниот тренер на тимот Чави Ернандез кој најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Во пенал серијата за Ал Наср погоди само Роналдо, додека за тимот од ОАЕ ги реализира првите три удари од 11 метри и избори четвртфинале.
Камерунската фудбалска Федерација соопшти денеска дека суспендирала дури 62 фудбалери и тоа сите поради лажирање на нивните години.
Интер на реваншот во Мадрид в среда ќе брани предност од 1-0 која на дуелот во Милано на италијанскиот тим му ја донесе Арнаутовиќ.
Фудбалерот на мадридски Реал, 21-годишниот Брахим Дијаз, одлучи да во иднина да го носи дресот на Мароко, а не на Шпанија за која настапуваше во младинските категории, јавија денеска повеќе шпанските медиуми.
Италијанскиот фудбалски прволигаш Лече му врачи отказ на тренерот Роберто Д’Аверса, кој во неделата го удри со глава играчот на Верона, Томас Анри.