Заев: Не е соодветен моментот за одлуката на ЛДП бидејќи опозицијата тврди дека власта нема стабилно мнозинство
Премиерот Зоран Заев чекорот на ЛДП нејзините пратеници да излезат од пратеничката група на СДСМ и делуваат самостојно во Собранието го оцени како легитимен, но, моментот за таквата објава, според него, не е соодветен, пред се поради тврдењата на опозицијата дека власта нема стабилно парламентарно мнозинство.