Продолжува дебатата за личните карти преку медиумите, жолт картон од ЕУ за Законот
Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека во моментот во ЕУ прашањето за личните карти е регулирано на ниво на националните законодавства на земјите членки, но во август 2021 година во Унијата ќе стапи во сила Општата регулатива за заштита на податоците, согласно која се забранува процесирање на информации како што се етничка и религиозна припадност.