Ќе се отстрануваат сите учебници со содржини што навредуваат или се несоодветни, вели Заев
Секаде каде што има содржини кои навредуваат, повредуваат или не се соодветни, треба да ги отстраниме и ќе ги отстрануваме, рече премиерот Зоран Заев во врска со учебникот Географија за втора година средно образование кој ќе биде повлечен по реакциите дека има содржини навредливи за Албанците