Заев: Бесими кажа дека пари во буџетот за фингерпринт има, ДИК да ја почне постапката
Апелирам Државната изборна комисија (ДИК) брзо да влезе во постапката за набавка на апарати за гласање со отпечаток од прстот, за да може да се исполни ова законски вградено решение, затоа што постои во Законот, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Владата, одговарајќи на новинарско прашање.